На претпоследниот ден на Европското првенство во пливање што се одржува во Берлин денеска беа одржани седум финални дисциплини, а по два златни медала освоија натпреварувачите и натпреварувачките од Полска и од Велика Британија.
Полскиот пливач Конрад Черниак победи во трката 100 метри пеперутка со време – 51.38 секунди. Второто место го освои Ласло Чех од Унгарија, а трет Павел Санкович од Белорусија.
Златен медал за Полска освои и Радослав Кавецки во трката на 200 метри грбно. Втор беше Кристијан Дајнер од Германија, а трет Унгарецот Габор Балог.
На 50 метри грбно кај жените двојна победа на Британките. Првото место за Франческа Халсал со време 27.81 секунди, а една стотинка заостана Џорџија Дејвис. Бронзата ја освои Мие Ниелсен од Данска.
Светскиот рекордер од вчера од полуфиналето на 50 метри градно Британецот Адам Пити победи и во финалето се време 27.00 секунди. Литванецот Гиедириус Титениус беше втор, а Словенецот Дамир Дугоњич заврши како трет.
На 1.500 метри слободно кај жените европската титула ја освои Шпанката Мирела Белмонте Гарсија, која имаше време 15:57.29 минути. Среброто и припадна на Унгарката Болгарка Капаш, а бронзата на Мартина Карамињоли од Италија.
Златен медал за Италија во трката на 200 метри слободно донесе Федерика Пелегрини, која имаше време – 1:56.01 минута. Катинка Хозу од Унграија го освои среброто, а Фемке Хемерсек од Холандија бронзата.
Домашната штафета на Германија победи во трката 4 пати 200 метри слободно, пред Русија и Белгија.