Одржани четири финални трки на СП во пливање

Од:

На Светското првенство во спортови на вода во Барселона денеска се одржаа и првите четири финални дисциплини во пливање. Во трката на 400 метри кај мажите првото место и златниот медал го освои Јанг Сун од Кина со резултат – 3:41.59 минути. Среброто му припадна на Косуке Хагино од Јапонија, а бронзата ја освои Американецот Конор Џегер.

Во истата трка кај жените победи Американката Кети Ледецки со резултат – 3:59.82 минути. Втора заврши Шпанката Мелани Коста Шмид, а трета Лорен Бојл од Нов Зелнад.

Во штафетната трка 4 х 100 метри слободно кај жените во последните неколку метри штафетата на САД ја мина австралиската штафета и го освои златниот медал, додека трета заврши Холандија.

Кај мажите во штафетата три репрезентации се бореа за првата позиција и златниот медал, а најбрзи беа Французите, пред Американците и Русите.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска