Одржана комеморација за Насе Насев

Од:

Соработници, колеги, пријатели и членови на семејството денеска на комеморација во Скопје се простија од легендата на македонското борење во слободен стил Насе Насев, кој почина во саботата на 80-годишна возраст, по кратко боледување.

На комеморацијата која Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја организираше во СЦ „Јане Сандански“ беше истакнато дека Насев остави голем траг и со своите успеси ги „задолжи“ помладите генерации да продолжат по неговиот пат.

Најблиските соработници како од борењето, така и од МОК, меѓу кои Васил Тупурковски, Могамед Ибрагимов, Даниел Димевски, Ванчо Чифлиганец и Дејан Богданов се потсетија на заемната соработка и дружба со Насев.

Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насев беше погребан вчера во Кочани.

Насев беше спортски директор во МОК и првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмација на македонскиот спорт и држава.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“