Во регионалната кошаркарска АБА лига синоќа беа одиграни три натпревари од 23.коло.
Во борба за опстанок во лигата Унион Олимпија со 81-79 го победи тимот на Будуќност кој веќе се избори за полуфиналето. Со оваа победа екипата од Љубљана ги мина на табелата Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аердром, кои сега се и зад составот на Мега Лекс кој синоќа на гости го победи Морнар со 89-81.
Во прилог на македонските претставници им оди победата на Игокеа над Крка со 85-72, по што словенечката екипа има една победа помалку од МЗТ Скопје, односно две помалку од Карпош Соколи.
Ова коло во АБА лигата кое започна минатиот вторник ќе биде комплетирано дури утре со средбата Партизан – Задар.
Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 17-6, Будуќност 16-7, Партизан 16-6, Цибона 12-11, Игокеа 11-12, ФМП 10-13, Олимпија 10-13, Мега Лекс 9-14, Карпош Соколи 9-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Морнар 7-16, Крка 7-16 и Задар 7-15.