Одиграни првите три натпревари од 17.коло во Примера

Од:

Со одигрувањето на трите натпревари синоќа стартуваше 17.коло од шпанската фудбалска Примера Дивизија. На сите три средби победи постигнаа домашните екипи.

Постигнати се следниве резултати: Рајо Ваљекано – Леванте 3:0, Еспањол – Депортиво Ла Коруња 2:0 и Реал Сосиедад – Севиља 2:1.

Вечерва се играат натпреварите: Валенсија – Хетафе и Атлетико Мадрид – Селта.

Колото ќе се комплетира утре кога ќе играат: Бетис – Мајорка, Ваљадолид – Барселона, Малага – Реал Мадрид, Осасуна – Гранада и Атлетик Билбао – Сарагоса.

Ова воедно ќе биде и последното коло од Примера одиграно во оваа календарска година.

Табела: Барселона 46 бодови, Атлетико Мадрид 37, Реал Мадрид 33, Малага 28, Бетис 28, Леванте 27, Реал Сосиедад 25, Рајо Ваљекано 25,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска