Одиграни натпревари од 3. коло од квалификациите од Лигата на шампионите

Од:

На десет терени синоќа се одиграа првите натпревари од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Во Тбилиси на дуелот меѓу Динамо и Стеауа играа и двајца македонски интернационалци.

Победа од 2:0 оствари Стеауа во чии редови настапи Даниел Георгиевски, додека на спротивната страна беше Дарко Глишиќ. И двајцата ги одиграа сите 90 минути. Александар Трајковски беше само на клупата на белгиската екипа Зулте Варегем на гостувањето во Ајндховен кај ПСВ, каде неговата екипа загуби со 2:0.

Преглед на резултатите одиграни синоќа:

Шахтер – Скендербег 3:0,
Австрија Виена – Хафнарфјордур 2:0,
Калју – Виторија Плзен 0:4,
Динамо Тбилиси – Стеауа 0:2,
Базел – Макаби Тел Авив 1:0,
Нордсјеланд – Зенит 0:1,
ПАОК – Металист 0:2,
ПСВ – Зулте Варегем 2:0,
Динамо Загреб – Шериф 1:0 и
Олимпик Лион – Грасхоперс 1:0.
Вечерва се играат натпреварите:
Молде – Легија,
АПОЕЛ – Марибор,
Лудогорец – Партизан,
Салцбург – Фенербахче и
Селтик – Елфсборг.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска