Очекувани победи на Цедевита и на Мега

Од:

Екипите на Цедевита и Мега Лекс кои се меѓу четирите најдобри во регионалната кошаркарска АБА лига, остварија сигурни победи во дуелите со двете последно рангирани екипи во натпреварите од 21. коло.

На средбата одиграна синоќа во Загреб, составот на Цедевита ја победи словенечката екипа Тајфун со 94:61, додека Мега Лекс како гостин славеше против црногорската Сутјеска со 73:68.

На третиот вчерашен дуел Игокеа – Цибона 68:57.

На претходно одиграните натпревари од ова коло: Металац – Будуќност 61:67, МЗТ Скопје Аеродром – Крка 69:67 и Унион Олимпија – Задар 84:76.

За вечерва е закажан натпреварот меѓу белградските ривали Партизан и Црвена Звезда.

Табела: Будуќност 19-2 (победи-порази), Цедевита 16-5, Црвена Звезда 15-5, Мега 14-7, МЗТ Скопје Аеродром 9-12, Игокеа 9-12, Цибона 9-12, Задар 9-12, Олимпија 8-13, Крка 8-13, Металац 8-13, Партизан 8-12, Сутјеска 7-14 и Тајфун 7-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска