Новиот газда на Челси го сака Роналдо во својот тим

Од:

Новиот газда на Челси, Американецот Тод Бели е „заинтригиран“ од идејата да го донесе Кристијано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“ и веќе преговарал со неговиот агент, Жорге Мендеш, тврди англискиот „Атлетик“, откако Португалецот им соопшти на шефовите на Манчестер јунајтед дека сака „брз“ трансфер од клубот.

Роналдо бара „прифатлива“ понуда за Јунајтед поради загриженоста од слабата активност на „ѓаволите“ на преоднниот рок, а иако се веруваше дека Баерн Минхен и Рома се први фаворити за неговиот потпис, сега доаѓа можноста да остане во Премиерлигата. Јунајтед инсистираат дека тој не е на продажба.

Останува да се види како Роналдо би се вклопил во Челси, бидејќи менаџерот Томас Тухел преферира помлади и поподвижни напаѓачи кои можат да играат пресинг. Сепак, вербата е дека американските газди сакаат да направат „блокбастер“ трансфер ова лето, посебно по неславното заминување на Ромелу Лукаку во Интер.

Роналдо не се појави на стартот на тренинзите на Јунајтед денеска, откако клубот му дозволи да отсуствува поради „семејни причини“, но англиските медиуми додаваат дека Португалецот наскоро ќе се сретне со новиот менаџер Ерик Тен Хаг за да се разговара за иднината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација

Кристијано Роналдо бесен на својата Џорџина, целосно ги изгубил нервите

Предраг Петровиќ