Нова победа на Барселона во Примера

Од:

Лидерот на табелата во фудбалското првенство на Шпанија, екипата на Барселона ја оствари осумнаесетата сезонска победа, откако синоќа на гости ја совлада Малага со 3:1.

Головите за победничката екипа ги постигнаа Лионел Меси, Цеск Фабрегас и Тиаго Алкантара, додека единствениот погодок за домаќините беше дело на Диего Буонаноте.

На останатите натпревари од 19.коло во Примера Дивизија постигнати се следниве резултати: Атлетико Мадрид – Сарагоса 2:0, Сосиедад – Депортиво Ла Коруња 1:1, Бетис – Леванте 2:0, Осасуна – Реал Мадрид 0:0, Ваљадолид – Мајорка 3:1, Еспањол – Селта Виго 1:0, Валенсија – Севиља 2:0 и Атлетик – Рајо Ваљекано 1:2.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Хетафе – Гранада (почеток 20 часот).

Табела: Барселона 55 бодови, Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 37, Бетис 34, Малага 31, Рајо Ваљекано 31,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска