Американската пливачка Кети Ледецки со триумфот во трката на 800 метри слободно го освои петтиот златен медал на Светското првенство во спортови на вода, што се одржува во Будимпешта.
Таа до првото место стигна со време 8:12.68 минути. Второ време имаше Бинџи Ли од Кина, а трето Американката Леа Смит.
Сара Сјостром од Шведска освои златен медал на 50 метри пеперутка со резултат 24.60 секунди, што е нов рекорд на првенствата, а светски рекорд постави на 50 метри слободно во полуфиналната трка пливајќи 23.67 секунди.
Три златни медали денеска на претпоследниот ден од првенството освои Ремел Дресел од САД, кој победи во трките на 50 метри слободно и 100 метри пеперутка и беше дел од американската штафета 4 х 100 метри слободно (мик) , додека Емили Сибом од Австралија беше најбрза во трката на 200 метри грбно.
Воедно американската штафета до првото место стигна со време на светски рекорд 3:19.00 минути.