Фудбалерите на Реал Мадрид никако да „влезат“ во серија победи, а ново разочарување им приредија на своите навивачи откако синоќа загубија на гостувањето кај Гранда со 1:0. За маката да биде поголема единствениот гол беше всушност автогол на Кристијано Роналдо во 22. минута.
На другите натпревари од 22.коло во шпанската Примера Дивизија беа постигнати следниве резултати: Еспањол – Левнате 3:2, Хетафе – Депортиво 3:1, Осасуна – Селта 1:0 и Ваљадолид – Атлетик Билбао 2:2.
Денеска се играат натпревари: Атлетико Мадрид – Бетис, Сосиедад – Мајорка, Валенсија – Барселона, Севиља – Рајо Ваљекано и Малага – Сарагоса.
Табела: Барселона 58 бодови, Атлетико Мадрид 47, Реал Мадрид 43, Малага 35, Бетис 35, Рајо Ваљекано 34, Валенсија 33, Леванте 33,…