Македонскиот пливач Горазд Чепишевски постави уште еден македонски рекорд на Летната Универзијада во Гвангжу. Тој во квалификациите на 50 метри грбно патеката ја исплива за 27.99 секунди и го освои второто место во групата.
Во вкупен пласман Чепишевски го освои 39.место во конкуренција на 52 пливачи. Досегашен рекордер беше Љупчо Ангеловски со време 28.15 секунди резултат поставен на Европските Олимписки игри во Баку. Чепишевски постави рекорд и на својот прв настап на Универзијадата во трката на 100 метри грбно.
Чепишевски ќе има уште еден настап на 8.јули (среда) ќе плива на 200 метри грбно, додека Мартин Стефановски следниот ден (9.јули) ќе плива на 50 метри слободно.
Од македонските натпреварувачи на 11.јули настап ќе има и пливачот маратонец Евгениј Поп Ацев во трката на 10 километри.