Нисканен победник на маратонот од 50 км

Од:

Ливо Нискинен од Финска ја освои олимписката титула на 50 километри крос-кантри класичен стил на Игрите во Понг Џанг.

Финецот победи со време 2:08.21 часа и успеа да биде побрз од претставникот на Русија Александар Болшунов за 18.7 секунди.

За 26-годишниот Нискенен ова е најголемиот успех во својата кариера.

Бронзата отиде кај уште еден Русин. Андреј Ларков, кој успеа да се одлепи од конкурентите во последните неколку метри трет ја мина целта.

Нисканен има уште една причина за задоволство. Тој на својата земја и го донесе првото злато во Пјонгчанг и ја смести на списокот од 21 земја кои до претпоследниот ден на ЗОИ освоиле најсјајно одличје.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска