Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија и Едисон Кавани долго ќе ја паметат победата (4:0) над Барселона остварена синоќа на своите родендени во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
– Мојот престој во ПСЖ имаше многу сјајни моменти, но оваа победа има посебен вкус, бидејќи е остварена на мојот роденден. Долго ќе се сеќавам на овој ден, изјави стрелецот на четвртиот гол за парижаните.
Триумфот над Каталонците го најави уште еден славеник.
– Да се победи Барселона со ваков резултат, на мојот роденден е неверојатно. За ваква вечер не можев ниту да сонувам. Одигравме совршени, истакна двојниот стрелец Анхел ди Марија.
Реваншот е на 8 март во Барселона.