Нерешено за Барселона и за Реал Мадрид, Меси со нов рекорд

Од:

Водечките две екипи во Примера Барселона и Реал Мадрид синоќа на гостувањата одиграа нерешено. Барселона ремизираше со Селта – 2:2, додека Реал Мадрид одигра – 1:1 со Сарагоса.

Вториот гол за Барселона го постигна Лионел Меси и со тоа постави нов рекорд во Шпанското првенство, успевајќи да и даде гол на секоја екипа и тоа на 19 натпревари во низа.

На другите натпревари од 29.коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Леванте – Севиља 1:0 и Рајо Ваљекано – Малага 1:3.

Денеска на програмата се исто така четири натпревари: Ваљадолид – Осасуна, Мајорка – Депортиво, Еспањол – Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид – Валенсија.

Колото ќе биде комплетирано со утрешните два дуела: Атлетик Билбао – Гранада и Бетис – Хетафе.

Табела: Барселона 75 бодови, Реал Мадрид 62, Атлетико Мадрид 60, Реал Сосиедад 47, Малага 47, Валенсија 45, Бетис 43, Хетафе 42,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска