Нерешено на отворањето на 33. коло во Примера

Од:

Со натпреварот Рајо Ваљекано – Осасуна кој заврши без победник 2:2 синоќа започна 33.коло од шпанската Примера Дивизија. Со освоениот бод Рајо Ваљекано остана во гроната половина на табелата, додека Осасуна се уште ќе стравува за нејзиниот опстанок во лигата. Со 33 бода се наоѓа на 15.позиција.

Денеска се игра дербито на колото и на Мадрид, Атлетико го пречекува Реал. Покрај дуелот на градските ривали, саботната програма ја сочинуваат и: Леванте – Селта, Атлетик Билбао – Барселона и Сарагоса – Мајорка. Утре на програма се натпреварите: Еспањол – Гранада, Малага – Хетафе, Ваљадолид – Севиља и Реал Сосиедад – Валенсија.

Оваа рунда ќе биде комплетирана в понеделник со натпреварот Бетис – Депортиво Ла Коруња. Табела: Барселона 84 бодови, Реал Мадрид 71, Атлетико Мадрид 68, Реал Сосиедад 55, Валенсија 53, Малага 50, Бетис 48,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска