Нема понуди за Фалкао

Од:

27-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао е на мета на многу клубови, но колумбискиот репрезентативец вели дека не добил ниту една понуда.

“Нема конкретни понуди од другите клубови. Ништо не се случува, бидејќи ништо не добив”, рече Фалкао.

Медиумите шпекулираат дека Фалкао е најблизу до преминување во Реал Мадрид или Челси.

“Имам договор со Атлетико уште 3 години. Тоа е се што можам да кажам во овој момент”, истакна Фалкао, кој пред одењето кај Јорганџиите беше член на Порто.

Реал и Челси за Колумбиецот, кој оваа сезона во Примера постигна 22 гола во 26 натпревари, наводно се спремни да платат 60 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска