Барселона не може да „избега“ од Баерн Минхен, откако повторно ждрепката за Лигата на шампиони ги постави во иста група, исто како и минатата сезона, во најинтересниот потенцијален дуел, во кој Роберт Левандовски ќе се „судри“ со својот поранешен клуб.
Секако, во свежо сеќавање на навивачите на двата тима е и 8:2 победата на Баерн во 2020 година, еден од најзабележителните резултати во Лигата на шампионите во последната деценија. За ситуацијата да биде поинтересна, во оваа група на „смртта“ се наоѓа и Интер и „несреќните“ Викторија Плзењ.
Враќање против својот поранешен клуб ќе има и Ерлинг Халанд, откако Манчестер сити се „падна“ во група со Борусија Дортмунд, Севилја и Копенхаген. Интересна група е и таа на Пари Сен-Жермен, кои ќе играат со Јувентус, Бенфика и Клуб Бриж.
Актуелните шампиони Реал Мадрид се во групата Ф, релативно лесна група со РБ Лајпциг, Шахтјор и Селтик, додека финалистите Ливерпул се во групата А со Ајакс, Наполи и Ренџерс. Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе игра во групата со Милан, Челси и Салцбург.
ГРУПА А
Ајакс (Хол)
Ливерпул (Анг)
Наполи (Ита)
Ренџерс (Шко)
ГРУПА Б
Порто (Пор)
Јувентус (Ита)
Баер Леверкузен (Гер)
Клуб Бриж (Бел)
ГРУПА Ц
Баерн Минхен (Гер)
Барселона (Шпа)
Интер (Ита)
Викториј Плзењ (Чеш)
ГРУПА Д
Ајнтрахт Франкфурт (Гер)
Тотенхем (Анг)
Спортинг Лисабон (Пор)
Олимпик Марсеј (Фра)
ГРУПА Е
Милан (Ита)
Челси (Анг)
Салцбург (Авт)
Динамо Загреб (Хрв)
ГРУПА Ф
Реал Мадрид (Шпа)
РБ Лајпциг (Гер)
Шахтјор Доњецк (Укр)
Селтик (Шко)
ГРУПА Г
Манчестер сити (Анг)
Севилја (Шпа)
Борусија Дортмунд (Гер)
Копенхаген (Дан)
ГРУПА Х
Пари Сен-Жермен (Фра)
Јувентус (Ита)
Бенфика (Пор)
Макаби Хаифа (Изр)