Нејмар во јули на преговори со Барса

Од:

Бразилецот Нејмар во јуни ќе настапи на Купот на конфедерациите, а потоа ќе замине во Шпанија на преговори со Барселона, тврди „goal.com“. Порталот открива дека Нејмар ќе отпатува во каталонската престолнина на 9 јули, кога ќе почнат преговорите за неговиот ангажман на „Ноу Камп“.

Иако 21-годишниот напаѓач до сега инсистираше на тоа дека до крајот на Светското првенство во Бразил 2014 година ќе остане во својата татковина, според некои медиуми тој би можел наредново лето да се пресели во Европа со цел да се докаже и на „стариот континент“. Каталонскиот гигант до сега преку своите играчи Дани Алвеш и Адријано се обидуваше да го убеди дека токму Барса е вистинскиот избор за него.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска