Негативен рекорд на „Панцирите“

Од:

Германската фудбалска репрезентација синоќа во Амстердам загуби од Холандија со 3:0 и постави негативен рекорд.

Германците за прв пат во својата историја немаат постигнато гол на три натпревари во низа.

Во првата рунда од Лигата на нации „Панцирите“ одиграа нерешено 0:0 со Франција, а претходно, во 3.коло на Светското првенство во Русија изгубија од Јужна Кореја со 2:0 и беа елиминирани.

Шанса да ја прекинат серијата од три меча без постигнат гол ќе имаат во вторник (16 октомври) кога ќе му гостуваат на светскиот првак Франција во 3. коло од Лигата на нации.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата

ВИДЕО: Третото место во Лигата на нации за Италија