Директорот на Јувентус, Павел Недвед истакна дека е задоволен од жребот за осминафиналто од Лигата на шампиони, каде „старата дама“ ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд.
Јувентус за противник ги доби „милионерите“ кои играат лошо во Бундеслигата, но остваруваат одлични резултати во ЛШ, па со сигурност тоа ќе биде еден од најнеизвесните дуели во осминафиналето.
„Жребот не е лесен за нас, но можеше да биде и многу полошо со оглед на тоа дека Баерн и Реал беа наши можни ривали. Сепак мислам дека нашите шанси за пласман во следната рунда се 50%“, изјави Недвед.