НБА ќе ги замрзне платите на играчите што ќе одбијат да ја продолжат сезоната

Од:

НБА-играчите кои не сакаат да настапат во продолжението на сезоната, закажано за крајот на јули во Орландо, имаат една недела да ја донесат конечната одлука, соошти денес раководството на американската професионална кошаркарска лига.

На играчите кои ќе одбијат да играат, ќе им биде замрзната платата до износ од 14 натпревари, велат од лигата.

Асоцијацијата на играчи во НБА веќе ги информирала своите членови за крајниот рок за одлука околу настапот – 24 јуни.

Комесарот на НБА оваа недела изјави дека враќањето на паркетот летово „не е за секого“ и дека тоа „ќе бара огромна жртва од играчите и сите останати, тренерите, судиите… кои ќе одлучат да учествуваат“.

Неколку познати играчи, меѓу кои Кајри Ирвинг и Двајт Хауард, изразија противење на одлуката на лигата да се продолжи сезоната во време на пандемија и на големи расни немири во САД.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа