Назор: Време е да одиграме машки цел натпревар

Од:

Тренерот на Задар, Анте Назор, побара од своите избраници на натпреварот со МЗТ Скопје Аеродром да одиграат посветено во текот на сите 40 минути.

– Време е да одиграме машки цел натпревар. Ако го дадеме максимумот од првата до последната минута, тогаш верувам дека ќе славиме уверлива победа. Но ако некој ми понуди, веднаш ќе прифатам и победа од еден поен. Најважно е да обезбедиме опстанок во АБА-лигата. Мотивација нема да ни недостасува. Најважно е да ги земеме искористиме клучните моменти. Го респектирам противникот и мислам дека нема да ни биде лесно. Доказ за тоа се двата претходни натпревара, изјави Назор.

Задар попладнево од 18 часот го пречекува МЗТ Скопје во одлучувачкито дуел од бараж-серијата за учество во регионалната АБА-лига.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска