Стотина навивачи на загрепски Динамо се судрија со фановите на Севиља во пресрет на вечерашниот натпревар на двете екипи во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите.
Како што јавуваат шпанските медиуми, хрватските навивачи синоќа во центарот на Севиља кршеле се околу себе, а потоа дошло до масовна тепачка со домашните навивачи при што биле користени палки, стапови, столчиња и други тврди предмети.
Полицијата уапси неколку лица, а се уште нема информации за бројот на повредени.
Динамо го најави доаѓањето на малку повеќе од 200 навивачи, додека тамошните медиуми шпекулираат со бројка од 1.000 гостински фанови.
Натпреварот е закажан за вечер со почеток од 20 часот и 45 минути.