Навивачите на Барселона го сакаат Хејнкенс

Од:

Навивачите на Барселона за нов тренер на католонскиот клуб, го посакуваат Јуп Хејнкенс, откри анкетата која ја направи дневниот весник „Спорт“.

Хејнекс се повлече од тренерската работа по завршувањето на минатата сезона, го водеше минхенски Баерн до тројната круна.

37 % од навивачите на актуелниот шампион на Шпанија го дадоа својот глас на Хејнкенс, кој во Шпанија веќе ги водеше Атлетико Билбао, Тенерифе, и мадридски Реал.

Според таа анкета, Марсело Биелса го завзеде второто место.

И покрај тврдењата дека Андре Виљаш Боаш е фаворит за место тренер на Барселона, во сабота попладне се појави информација дека тоа е Луис Енрике, кој моментално ја води Селта Виго.

Енрике беше тренер на вториот тим на Барселона од 2008 до 2011 година, а потоа ја превземе Рома, со која екипа имаше многу неуспешна сезона.

43-годишниот Енрике ја превзеде Селта ова лето, но во Барселона наводно сметаат дека тој е идеален човек кој ќе ја задржи филозофијата во клубот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска