Навивачи на Реал вербално го нападнале Бејл

Од:

Група навивачи на Реал Мадрид два дена по поразот од градскиот ривал Атлетико го навредувале членот на „кралскиот клуб“ Герет Бејл.

Инцидентот се случил во тренинг центарот „Валдебебас“ во околината на Мадрид каде навивачите на Реал традиционално се собираат да ги гледаат своите миленици.

Како што пишува „Марка“ навредите до Бејл биле упатени, откако тој одбил да застане и да им се потпише на дресовите.

Дел од разочараните навивачи ко останале без автограм од велшкиот репрезентативец почнале да го удираат неговиот автомобил.

Покрај Бејл на мета на навивачите на Реал се нашле и Тони Крос и Рафаел Варан, но кон нив биле упатени помалку навредливи зборови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска