Еден навивач на Баерн Минхен во текот на синоќешниот натпревар со Бенфика од петтиот круг во групната фаза од Лигата на шампионите на Твитер напиша:
-Кога Рибери ќе постигне гол, ќе јадам метла.
Французинот го забележал твитот на корисникот и иронично му одговори: „Бон апетит”.
Баерн победи со 5:1, а Рибери го постигна последниот гол во 76.минута.