Натпреварот Клуж – Глатасарај бил наместен?

Од:

Непознато лице кое се претставило како Михај за романскиот сајт спорт.ро во телефонски разговор открило дека натпреварот Клуж- Галатасај во рамките од Лигата на шампионите бил наместен.

Според Михај, капитенот на романски Клуж, Рикардо Каду бил поткупен за неговиот тим да изгуби на домашен терен.

Со оваа победа Галатасарај се искачи на втората позиција зад Манчестер Јунајтед.

Пред почетокот на натпреварот според Михај, Турчин со име Салем, кој имал бизнис релации со сопственикот на Клуж, му дал 320.000 евра на Рикардо Каду- капитенот на Клуж.

И сопственикот и играчот на Клуж ја демантираат веста и најавија тужби против оние кои ја пласираа оваа невистинита сторија.

Обвинителството на Романија и УЕФА треба да го разгледаат случајот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска