„НАТО атлетска трка“ на кејот на Вардар

Од:

„НАТО атлетска трка“ во организација на Министерството за одбрана и Армијата, заедно со Атлетската Федерација, Агенцијата за млади и спорт и Евроатлантскиот Совет денеска ќе се одржи на кејот на Вардар во Скопје во рамките на одбележувањето на Неделата на НАТО.

За трката се пријавени 260 учесници, меѓу кои претставници на воено-дипломатските претставништва во државата, вработени во Министерството и припадници на Армијата, како и граѓани.

Натпреварувачите ќе трчаат на патеката во должина од пет километри за мажи и три километри за жени, а најдобрите учесници во машка и женска конкуренција ќе бидат наградени со учество на меѓународен маратон надвор од државата.

На отворањето на трката на Воениот стадион во Градскиот парк ќе учествува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски, шефот на НАТО канцеларијата за врски Зоран Јанковиќ и амбасадорот Семуел Жбогар.

Би можело да ве интересира

Поради меѓународна ноќна атлетска трка, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска