На планетарниот собир во пливачки спортови што се одржува во шпанскиот град Барселона, денеска во квалификациите ќе се појават двајца македонски пливачи.
Во трката на 100 метри слободно во женска конкуренција во 4.група ќе плива Анастасија Богдановски. Ова за неа ќе биде прв настап на светските првенства. Таа е пријавена со време 57.22 секунди испливан на митинг во Шарлот што е и македонски рекорд.
На 200 метри грбно кај мажите Горазд Чепишевски е пријавен во првата од четири групи. Чепишевски е пријавен со државниот рекорд на Македонија 2:08.81 испливан на Медитеранските игри во Мерсин. За Чепишевски ова ќе биде втор и последен настап на шампионатот.
До крајот од нашите пливачи ќе плива уште Богдановски во трката 50 метри слободно за жени.