Наси Хани по неколку месечна пазуза успешно се врати во рингот

Од:

Стружанецот Наси Хани по неколку месечна пазуза успешно се врати во рингот во Берн – Швајцарија и забележа уште една успешна победа со нокаут во втората рунда на мечот кој требаше да трае 6 рунди.

Неговиот противник 29 годишниот Унгарец, Томас Бајзат не беше нити во еден случај и ниту во еден елемент рамноправен противник на Наси Хани, иако тој имаше 11 мечеви од кои 5 победи (3 КО), доживеал 5 порази (3 КО) и еден меч заврши нерешено, додека стружанецот Наси Хани има 7 мечеви и исто толку победи од кои 4 се нокаут.

Томас Бајзат, не можеше да ја издржи серијата на удари на нашиот Хани. После првата рунда каде секако Наси Хани беше супериорен, во втората на два пати со директни удари, Унгарецот се најде на подот.

И само што продолжи уште едне директен удар од Хани и на противникот и судијата во рингот не им преостана ништо друго освен да свирнат крај на борбата, каде Наси Хани забележа уште една победа со нокаут.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја