Наси Хани го победи Бугаринот Николаи Ерменков во првата рунда

Од:

Струшкиот боксер во тешка категорија, до 91 кг, Наси Хани, кој во Швајцарија е познат по псевдонимот „уништувач”, ја постигна својата 8 победа во неговата професионална кариера од 8 настапи, од кои 5 победи со нокаут.

Овојпат го нокаутираше бугарскиот боксер Николај Ерменков, во првата рунда, за само една минута и 20 секунди.

Вети дека ќе продолжи да се однесува во рингот како вистински професионалец, да ги извршува препораките на тренерот и секако да ги покаже своите афинитети, можности, знаења и вештини, во рингот.

„Веднаш започнав со напади без да губам време и по серијата удари, еден директен ударац беше на право место, кој го присили Ерменков да падне на подот. Тоа беше во првата рунда, после само 1 минута и 20 секунди борба, иако мислев дека Ерменков ке биде по издржлив борец”, рече Наси Хани.

Сега во личниот картон на Наси Хани се следни податоци: 8 професионални настапи, исто толку победи од кои 5 со нокаут.

Следниот меч на Наси Хани ќе се одржи во Берн, Швајцарија, на 20 мај 2013 година, каде е љубител на публиката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја