Наполи попушта, Кулибали се поблиску до Сити

Од:

Искусниот стопер на екипата на Наполи, Калиду Кулибали е пред заминување од „Сан Паоло“, а клубот е подготвен да го продаде во Манчестер Сити.

Сити е еден од заинтересираните клубови, другиот е градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но поверојатно е Кулибали да замине на „Етихад“, каде Пеп Гвардиола го гледа како новиот Винсент Компани.

„Граѓаните“ се подготвени да платат 75 милиони евра за неговото пристигнување, а Наполи сака да искористи голем дел од тие пари за да го финансира трансферот на напаѓачот на Лил, Виктор Озимен.

Французите бараат 60 милиони евра обештетување за неговото заминување.

Островските медиуми, исто така, јавуваат дека сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сепак одлучил да ја намали цената за фудбалерот, а тие веќе пронајдоа можна замена за Кулибали.

Интересно, тој доаѓа од редовите на Лил, а станува збор за 22-годишниот бразилски стопер Габриел.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска