Ѓорѓи Наков го оствари најдоброто време во квалификациите од кружната трка „Скопје круг 2017“ која се одржува викендов во главниот македонски град.
Македонскиот автомобилист Ѓорѓи Наков од АКК „Никола Карев“ го извози најбрзиот круг со време 1:20.187 минути, пред српскиот натпреварувач Владимир Миличевиќ од АСК Железник (1:20.407) и Димитри Кимовски од КВ „Рејсинг Краљево“ со време 1:20.574.
По најдобрата тројка следуваа: Филип Џуклески, Филип Василевски, Никола Попевски, Михајло Лазаревски, Мартин Делев, Мартин Кралевски, Исмаил Османи (Косово), Коста Николовски и Марјан Ивановски.
Утрешните трки почнуваат во 12 часот.