Најголемите измами во спортот

Од:

10. Бен Џонсон
Светскиот рекордер на 100 метри од ОИ во Сеул во 1988 годинаа е синоним за атлетски измамник. Падна на допинг тестот три дена по освојувањето на олимпиското злато. Два пати го уриваше светскиот рекорд, но и двата рекорда му се избришани.

9. Диего Марадона
Веројатно се додека има фудбал, ќе се зборува за „божјата рака“ односно како Марадона со рака им заби гол на Англичаните. На тоа Светско првенство во 1986. година Аргентина стигна до крајната дестинација.

8. Дора Ратејн
Светска рекордерка во скок во висина од 1938. година и на ОИ две години претходно. Ништо спорно, освен што Дора всушност беше машко. И се викала Хајнрих. Ја разоткрил кондуктер во воз. Повикал полиција бидејќи му било чудно зашто маж патува облечен како жена. Веднаш откриле дека Дора има машки полов орган.

7. Фајн Котон
На трката во Австралија победи коњ (Фајн Котон) кој бил тотален аутсајдер. Но го замениле со друг коњ, дури и го обоиле за да изгледа како Фајн Котон. На обложувалница заработиле милион и половина долари, но измамата била веднаш разоткриена.

6. Борис Онишченко
Борис Онишченко  освои три олимписки медали во модерниот петтобој. Се до 1976 година на ОИ немаше измама. Украинецот го разоткрија Британците. Во мечувањето до поен се доаѓа кога со врвот на мечот се допре соперничкиот оклоп по што се затвора струјниот круг и официјалниот сигнал докажува дека има поен.Мечот на Борис го затвораше струјниот круг и сигнализираше пред било каков допир. Советите беа дисквалификувани, а Борис Онишченко  бил исфрлен од советската војска. Кариерата ја продолжил како таксист во родниот Киев.

5. Chicago White Sox
Cincinnati Reds во 1919. година освоија World Series, но така што дури осум играчи на Chicago White Soxa биле платени да изгубат. Не ги потплатиле од соперничкиот тим туку гангстери од New York. Играчите добиле 100.000 долари за да изгубат. Две години подоцна сите осум играчи добија доживотна суспензија.

4. Фред Лорц

Фред Лорц победи на маратонот на ОИ во 1904 година и навистина прв влезе на целта. Ги истрча првите 14 километри, па се мислеше да се откаже поради уморот. „Случајно“ во близина се нашол неговиот пријател кој со автомобил го повозил 17 километри. Ќе го однесеше уште подалеку, но се расипа автомобилот. И така Фред мораше да истрча уште 11 километри до златото. Но радоста не траеше долго, го откри публиката.

3. Ленс Армстронг
Американецот никогаш не беше фатен со допинг, но против него сведочеа толку луѓе дека се допингувал што на крај мораше да биде прогласен за измамник. Ја воодушеви цела планета со седумте триумфи на “Tour de France”, но сите резултати му беа поништени.

2. Тониа Хардинг
Во желбата да ја елиминира конкуренцијата отиде предалеку. Заедно со нејзиниот сопруг и со телохранителот, американската лизгачка на мраз изнајми човек за да ја онеспособи нејзината главна конкурентка Nancy Kerrigan. Shane Stant кој беше платен за тоа, со палка ја удри Nancy по коленото и таа не можеше да настапи на првенството на САД во 1994 година..Tonya излизга до златото, а потоа се лизна на дното. Златото и беше одземено, беше исфрлена од уметничкото лизгање, мораше да плати 160.000 долари и да одработи 500 часа добротворна работа.

1. Шпанските инвалиди
Шпанската кошаркарска репрезентација на Параолимписките игри одржани во 2000. година во Сиднеј го освои златото. Два месеци подоцна, откриено е дека не го освоиле златото со напорна работа, туку со измама.

Карлос Рибагорда, новинар на тајна задача, се вклучи во шпанската параолимписка екипа за да ги испита гласините дека настапувале сосема здрави играчи. Тој дојде до неверојатно откритие-дури 10 од 12 играчи од шпнаскиот тим немале инвалидитет и биле сосема здрави. Веднаш биле дисквалификувани, им било земени златото, и го добија првото место на листата најголеми измамници во спортот.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он

Косовски министер за спорт: Наскоро одлука за забрана на српски паралелни спортски активности

А1он