Најефикасна вечер во Лигата на шампионите

Од:

Вкупно 40 голови беа постигнати на синоќешните осум натпревари од Лигата на шампионите или во просек по пет на натпревар што е најефикасна вечер откако се игра овој формат.

Инаку, на 1 септември 1997 година на 12 натпревара беа постигнати 44 голови.

Екипите на Баерн и на Шахтјор постигнаа по седум голови на гости, додека Челзи шест пати ја затресе мрежата на противникот. Вечерта ќе ја памети и Луис Адриано од Шахтјор, кој постигна пет голови и со тоа го изедначи рекордот на Лионел Меси.

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими настапи за Марибор против Челзи во Лондон, играше 68 минути, а во 64.та не реализира пенал (го погоди дирекот).

Резултати од 3.коло и табели:

Е група: ЦСКА Москва – Манчестер Сити 2:2, Рома – Баерн 1:7.
Табела: Баерн 9 бодови, Рома 4, Манчестер Сити 2, ЦСКА 1.

Ф група: АПОЕЛ – ПСЖ 0:1, Барселона – Ајакс 2:1.
Табела: ПСЖ 7, Барселона 6, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.

Г група: Шалке – Спортинг 4:3, Челзи – Марибор 6:0.
Табела: Челзи 7, Шалке 5, Марибор 2, Спортинг 1.

Х група: БАТЕ Борисов – Шахтјор 0:7, Порто – Атлетик Билбао 2:1.
Табела: Порто 7, Шахтјор 5, БАТЕ Борисов 3, Атлетик Билбао 1.

Вечерва се играат дуелите во групите А, Б, Ц и Д. 

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска