Најдобри стрелци во историјата на Мундијалите

Од:

Французинот Џаст Фонтен со 13 постигнати голови на Мундијалот во Шведска 1958 година е најефикасниот играч на едно Светско првенство, додека Мирослав Клосе е најдобриот стрелец на сите Светски првенства со вкупно 16 погодоци.

Најблиску до него по број на постигнати голови за време на еден планетарен собид на најдобрите фудбалски репрезентации е Шандор Кочиш кој 1954 во Швајцарија 11 пати ги тресел противничките мрежи.

Од поново време Бразилецот Роналдо во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја постигна осум погодоци, а на последното (2014 во Бразил Џејмс Родригез од Колумбија реализира шест пати.

Најдобри стрелци на досегашните Светски првенства:

1930 година Уругвај / Гилермо Стабиле (Аргентина) 8 гола
1934 Италија / Олдрич Неједли (Чехословачка) 5
1938 Франција / Леонидас (Бразил) 7
1950 Бразил / Адемир (Бразил) 9
1954 година. Швајцарија / Шандор Кочиш (Унгарија) 11
1958 Шведска / Џаст Фонтен (Франција) 13
1962 Чиле / Гаринча (Бразил), Вава (Бразил), Леонел Санчез (Чиле), Дражен Јерковиќ (Југославија), Валентин Иванов (СССР), Флоријан Алберт (Унгарија), сите по 4
1966 Англија / Еузебио (Португалија) 9
1970 Мексико / Герд Милер (Германија) 10
1974 Германија / Гжегож Лато (Полска) 7
1978 Аргентина Марио Кемпес (Аргентина) 6
1982 Шпанија / Паоло Роси (Италија) 6
1986 Мексико / Гери Линекер (Англија) 6
1990 Италија / Салваторе Скилачи (Италија) 6
1994. САД / Христо Стоичков (Бугарија), Олег Саленко (Русија), по 6
1998. Франција / Давор Шукер (Хрватска) 6
2002 Јапонија / Јужна Кореја / Роналдо (Бразил) 8
2006 Германија / Мирослав Клосе (Германија) 5
2010 Јужна Африка / Весли Снајдер (Холандија), Давид Виља (Шпанија), Диего Форлан (Уругвај), Томас Милер (Германија) сите по 5
2014 Бразил / Џејмс Родригез (Колумбија) 6.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он