(ВИДЕО) Во тек е клучниот состанок во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер им се обрати на насобраните лидери на самитот во Лондон, велејќи дека ова е „момент кој се случува еднаш во генерација за безбедноста на Европа“, нагласувајќи дека добар мировен исход за Украина ќе биде клучен и за стабилноста на остатокот од континентот.

Стармер, исто така, ја спомена толпата пред Даунинг стрит која го поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски со аплауз и извици на поддршка, велејќи дека тоа ја покажува „силата на чувството“ што луѓето во Обединетото Кралство ја имаат за Украина.

Зборувајќи за целите на самитот, Стармер рече:

„Во дискусиите во последните денови, се согласивме дека група од нас ќе работи со Украина на план за прекин на борбите, а потоа ќе разговараме за тоа со САД и ќе го развиеме заедно.

Тој додаде дека Русија истовремено „зборува за мир, но ја продолжува својата немилосрдна агресија“ и дека е важно да се договорат конкретни чекори за постигнување мир „преку сила, во корист на сите“.

Стармер, исто така, спомна разговор што го имал претходно истиот ден со балтичките сојузници, истакнувајќи дека тие исто така биле вклучени во барањето решение што ќе донесе стабилност во Украина и Европа.

Би можело да ве интересира

Таен канал до Путин преку руски олигарх: Финска и Норвешка спречиле ескалација на Балтикот

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

ВИДЕО: Руски напад на Запорожје, најмалку двајца мртви и 40 повредени

Катерина Ѓуровски

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

Катерина Ѓуровски

Хегсет ја блокира испораката на ракети „Патриот“ за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Естонија ги затвора границите со Русија, гужви на премините

Катерина Ѓуровски