Награди за најдобрите пливачи на Охридскиот маратон

Од:

На свеченоста одржана синоќа претседателот Ѓорѓе Иванов им ги врачи пехарите и наградите на победниците на годинешниот, 29-ти по ред Охридски пливачки маратон, македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев и италијанката Аличе Франко.

Претседателот Иванов, кој инаку е и годинешен добитник на наградата „Климе Савин“ за постојаната и несебична поддршка на Охридскиот пливачки маратон, во поздравното обраќање истакна дека чест и задоволство е да се биде покровител на една од најзначајните спортски манифестации во Македонија.

– Со својот квалитет и богатата традиција, Охридскиот маратон си обезбеди место на мапата на најзначајните пливачки натпревари. Почестени сме што Охридското Езеро секоја година е сцена на драматична спортска битка во која учествуваат најдобрите светски маратонски пливачи и пливачки. Охрид и охридското крајбрежје се издвојуваат со впечатливата природа и со богатото културно–историско наследство како трајно сведоштво за креативноста и безграничноста на човечкиот дух. Во овој хармоничен пејзаж совршено се вклопува и Охридскиот маратон оставајќи свој особен спортски белег, рече тој.

Светската пливачка федерација за придонесот во успешната организација и на ова маратонско издание со благодарници до градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид, како и Министерството за внатрешни работи и Специјалната единица „Тигри“.

Инаку, Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид долга 30 километри ја преплива за 5:39:42 часа. На неговата колешка од Италија, најдобрата во женска конкуренција Аличе Франко и беа потребни 5:44:03 часа за да го преплива Охридското Езеро.

Со медал на ова маратонско издание се закити и Томи Стефановски, кој ја освои бронзата иако како четврт мина низ целта, бидејќи второпласираниот Даниел Блаум нерегуларно мина покрај последната контролна точка на трката и беше десквалификуван. Среброто во машка конкуренција му припадна на Матеус Евангелиста од Бразил.

Во женска конкуренција сребрениот и брознениот медал ги освоија Русинката, Ана Манкевич и Естер Морера-Нуњез од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска