Надал ја освои својата трета титула во Акапулко

Од:

Рафаел Надал (Шпанија) по трет пат победи на тенискиот турнир во Акапулко, Мексико.

Светскиот рекет број 1 го победи Тејлор Фриц (САД) со 6:3, 6:2 за 75 минути и триумфираше повторно по 2005 и 2013 година, кога, сепак, натпреварите се играа на земја. 33-годишниот Шпанец на тој начин го освои 85-тиот трофеј во кариерата.

Тоа беше прв турнир на Надал по пауза од 3 седмици по Австралија опен. Тој доминираше на своите пет одиграни натпревари, откако незагуби сет и во просек губеше по 5 гема од своите противници.

– Не можев да бидам посреќен. Играв одлично од почеток до крајот на турнирот. Во Акапулко, ја освои првата голема титула во мојата кариера, да дојдам тука и повторно да победам по 15 години е нешто неверојатно. Благодарам на луѓето во Акапулко, кои прават да се чувствувам како дома секој пат, изјави Надал по финалето.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал ќе игра на Лејвер купот во Берлин

Надал го „склопи“ совршениот тенисер

Предраг Петровиќ

Надал: Немам доволно големо его за да кријам – Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100

Надал ќе одмори од тенисот

Надал му се налути на Мекинро за обвинувањата дека троши премногу време