Надал го „склопи“ совршениот тенисер

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал состави совршен тенисер користејќи поединечни сегменти од играта на своите колеги.

Во шест точки, Надал избра шест различни тенисери за кои смета дека се најдобри во секоја од тие поединечни категории.

Меѓу избраните се најде и името на Новак Ѓоковиќ, кого Шпанецот го избра за бекхенд. Тој најде место и за вториот најголем ривал Роџер Федерер, кој според него го има најдобриот форхенд.

Интересно е тоа што Карлос Алкараз е тука и кога е во прашање физичката подготвеност, иако неговиот сонародник не секогаш се истакнувал во тој дел.

На списокот на Надал, покрај Федерер, се уште двајца поранешни тенисери. Тоа се Радек Штепанек на волеј и Иво Карловиќ на сервис.

Имаше место и за самиот Рафа, па се избра за тенисер со најдобар менталитет. Веројатно има врска со неговото враќање во Австралија.

Надал го немаме видено од минатогодишниот прв Грен слем сезонава во Мелбурн, а речиси една година подоцна првата станица, во она што може да биде последна сезона од неговата кариера, ќе биде Бризбејн.

Турнирот во Бризбејн се игра од 31 декември до 7 јануари и е последна подготовка пред почетокот на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија опен, кој се игра од 14 до 28 јануари.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога

Надал закажа спектакл со Ѓоковиќ

Рафаел Надал ќе игра на Лејвер купот во Берлин

Надал: Немам доволно големо его за да кријам – Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100

Надал ќе одмори од тенисот