Чориќ го елиминира Надал од мастерсот во Синсинати

Од:

Хрватот Борна Чориќ забележа голема победа во второто коло на мастерсот во Синсинати. Хрватот на трибините го испрати Рафаел Надал. По речиси три часа голема борба, Чориќ против третиот играч во светот славеше со 7:6, 4:6 и 6:3. Ова е петта победа за Хрватот од месец март кога се врати на терените по долгата пауза поради повредата на рамото.

Некогаш 12. играч на светот одигра одличен меч и приреди првокласно изненадување: победата ја најави во тај-брејкот од првиот сет, кој го освои откако спаси две сет топки.

Во вториот сет, Надал прв направи брејк и тоа беше негова прва брејк топка во мечот. Таа предност ја задржа и по нешто повеќе од два часа беше 1-1 во сетови. Во третиот сет повторно немаше брејк долго време, а во шестиот гем Чориќ направи брејк со кој го реши победникот.

Во третото коло Чориќ за противник ќе го има сонародникот на Надал, Роберто Баутиста Агут.

Надал со овој пораз ја пропушти шансата по долго време повторно да биде број 1. Имено, доколку го победеше Синсинати, а Медведев испаднеше во четвртфиналето или порано, Шпанецот повторно ќе беше тенисер број еден во светот. Вака Надал останува трет, а би можел и да падне за едно место доколку Карлос Алкараз забележи висок пласман во Синсинати.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Голем скандал во тенисoт: Играчи продавале гем за 400 евра, меч за 2.000 евра

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ остана без првото место: Алкараз го симна од врвот

Ана Ололовска

Алкараз и Синер во полуфиналето на Индијан Велс

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сега немаш ништо да ми кажеш? Вавринка остана зачуден: молам?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Медведев се „расплака“ по победата во Дубаи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Казахстанец ја шокираше тениската јавност: Скрши три рекети за 20 секунди

Предраг Петровиќ