Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100

Од:

Најдобриот светски тенисер и освојувач на рекордни 23 грен слем титули, по третиот триумф во кариерата во Париз, ја започна 388-та недела од владеењето во светскиот тенис.

Така ќе има можност дополнително да го подобри рекордот кој одамна го поседува.

Ѓоковиќ е на чело на листата со 7.595 бодови, а од врвот го симна шампионот на УС Опен, Шпанецот Карлос Алкараз, кого претходно го совлада во полуфиналето.

Тоа практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе дојде на Вимблдон како број еден и таму ќе ја започне одбраната на титулата како прв носител.

Алкараз е втор со 7.175 поени или 420 поени зад најдобриот.

Данил Медведев падна од втората на третата позиција и има 6.100 бодови, додека финалистот на Ролан Гарос, Норвежанецот Каспер Руд остана на четвртото место и има 4.960 бодови.

Што се однесува до првите десет, уште една промена, Русинот Карен Хачанов, кого Новак го победи во четвртфиналето, скокна од 11. на 10. место и има 3.125 бодови.

Се случи она што беше најавено – Рафаел Надал, кој не можеше да игра поради повреда, загуби 2.000 поени и како резултат на тоа испадна од Топ 100 на светската листа.

Рафа падна за дури 121 позиција и оваа недела ја заврши на 136. место.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал ќе игра на Лејвер купот во Берлин

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец