Додека стотици милиони луѓе во светот се подготвуваат за следење на завршната церемонија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Севернокорејците се уште немале прилика на телевизија да гледаат ниту еден спортски настан од ЗОИ.
Недостигот на известување од Игрите во Пјонгчанг е во целосна спротивност во споредба со вниманието кое јужнокорејските медиуми му го посветија на присуството на севернокорејската делегација на отворањето на Игрите.
Севернокорејските државни медиуми никогаш не биле особено посветени на известување за меѓународни случувања, туку нивната работа повеќе се сведува на глорифицирање на Ким Џонг-ун и најновите пропагандни пораки на властите.
Во таа смисла севернокорејските медиуми останаа доследни, имајќи предвид дека единствените извештаи од Пјонгчанг беа за посетата на помладата сестра на Ким и формалниот претседател на Северна Кореја за време на свеченото отворање на ЗОИ во Јужна Кореја.