Постои реална можност Манчестер сити да биде исклучен од европската Лига на шампиони, откако УЕФА по извршената истрага одлучи дека англискиот клуб е виновен за финансиски нерегуларности.
Граѓаните од Манчестер веднаш поднеле жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) во Лозана, со цел да го спречат нивното исклучување во следното најголемо натпреварување.
Оваа вест предизвика голем број реакции, особено во Италија каде што Јувентус со нетрпение го очекува исходот на оваа ситуација во однос на „сините“, бидејќи ако тој биде негативен за Сити, тогаш на тренерот Пеп Гвардиола му се активира клаузулата со која може слободно да замине од Манчестер и да го преземе клубот во Торино.
Италијанските медиуми пишува дека Јувентус токму поради таквиот исход се уште не го именувале Сари за нивен тренер, а доколку Комисијата за финансиска контрола на УЕФА го прогласи Сити за виновен, „Старата дама“ веќе му подготвила на Пеп богат договор.