На 24 години почина поранешниот светски шампион во сурфање

Од:

Хавајскиот сурфер Калани Дејвид, поранешен јуниорски светски шампион, почина во Костарика на 24-годишна возраст, објавија светските агенции.

Според првичните информации, тој имал „некаков напад и се удавил“, изјавија за агенцијата Асошиејтед прес.

– Со тешко срце светот на сурфањето загуби еден многу талентиран и многу млад сурфер. Калани Дејвид беше навистина чудо од дете. Тој беше поранешен светски јуниорски шампион со буквално стотици, ако не и илјадници трофеи. Беше неверојатен и на даска за сурфање и скејт. Неговата насмевка беше заразна и никогаш не слушнав лош збор од неговите усни. Неговата кариера ја следевме скоро 15 години, можеби од градинка. Калани, почивај во мир, ќе ни недостигаш, порачаа од „Фрисурф магазин“ во збогувањето со големиот талент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peter King (@peterkingphoto)

– Еднаш возев скејтборд и имав напад. Паднав на лицето и се разбудив во амбулантно возило бидејќи срцето ми застана. После тоа имав три напади кога стигнав во болница. Благодарен сум што сум жив, напиша Калани Дејвид при последниот напад.

За жал, овој напад не го преживеа. Во една прилика запрашан да треба да бира помеѓу смртта или тоа да не се занимава со сурферство и скејтборд, тој рече дека би го избрал првото.

Би можело да ве интересира

Австралиец го собори светскиот рекорд, сурфајќи повеќе од 30 часа

ВИДЕО: Загина познат бразилски сурфер

Сурферот кој вчера исчезна во невремето во Хрватска, пронајден жив во Италија

Наум Локоски