Австралиец го собори светскиот рекорд, сурфајќи повеќе од 30 часа

Од:

Австралиецот го собори светскиот рекорд за најдолго сурфање.

Станува збор за Блејк Џонстон кој непрекинато сурфал 30 часа и 11 минути во водите на плажата Кронула во јужниот дел на Сиднеј. Но, не застанал тука, на новинарите им рекол дека ќе продолжи да сурфа, а благодарение на својот „маратон“ собрал 240.000 австралиски долари за добротворни цели.

Овој 40-годишник сурфал на повеќе од 600 бранови, а со оглед на времето поминато во вода, постои ризик од слепило, инфекции на увото, дехидрација, замор од недостаток на сон, хипотермија и секако напад од ајкули. Денеска на кратко излегол на плажа да земе капки за очи и да направи лекарски преглед.

Пред да започне со својот предизвик, Џонстон рече дека може да сурфа повеќе од 40 часа. Неговата цел е да собере пари за Фондацијата Чампи Пулин основана во спомен на австралискиот олимписки сноубордер Алекс Чампи Пулин, кој се удави во 2020 година. Тој, исто така, им помага на добротворни организации за ментално здравје, делумно во чест на неговиот татко, кој изврши самоубиство пред десет години.

Би можело да ве интересира

На 24 години почина поранешниот светски шампион во сурфање

А1он