Во фудбалската Лига на шампиони се наѕира германско финале, откако синоќа Борусија Дортмунд на свој терен го победи Реал Мадрид со 4:1 и оствари значајна предност пред реваншот во Шпанија.
Сите четири голови за германскиот претставник ги постигна Роберт Левандовски (8, 50, 55 и 66.минута), додека единствениот погодок за Реал беше дело на Кристијано Роналдо во 43.минута.
Тренерот на „кралскиот клуб“ ја честиташе победата на Германците потенцирајќи го нивниот квалитет.
– Ја знаевме силата на противникот и што треба да направиме за да го спречиме нивниот најдобар играч, но не успеавме во тоа. Едноставно не надиграа, а ние бевме немоќни да се спротиставиме.
– Ќе се обидеме во реваншот да надополниме колку што можеме. За такво нешто ќе ни треба комплетно различен пристап буквално во текот на целиот натпревар. Додека има шанси не се предаваме, истакна Жозе Мурињо.
Во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите одигран во вторникот, Баерн Минхен уште поубедливо ја порази Барселона со 4:0.
Реваншите се на 30 април и 1 мај.