На Охридското Езеро по 34-ти пат Малиот пливачки маратон

Од:

Четириесеттина пливачи од сите градови на Македонија и од странство досега го потврдија учеството на Илинденскиот пливачки маратон што на 2 август традиционално по 34-ти пат ќе се плива на Охридското Езеро.

Пливачите поделени по два старосни категории и тоа до 16 и од 16 до 35 години ќе ја пливаат патеката од кај поранешниот хотел „Парк“ до Градското пристаниште во Охрид, долга 2,5 километри.

Стартот на маратонот е предвиден за од 10 односно 10:15 часот, а пристигнувањето на првите пливачи на целта се очекува да биде половина час подоцна.

Со оглед на тоа што пријавувањето за учество на маратонот се уште трае, организаторите на манифестацијата очекуваат на годинашното маратонско издание да учествуваат некаде околу 80 пливачи од сите категории.

Минатата година на Илинденскиот пливачки маратон најуспешни беа нашиот Андреј Стојаноски и русинката Александра Умурзакова.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник