На Германија и се предвидуваат најмногу медали на ЗОИ

Од:

Компанијата „Gracenote“, специјализирана за обработка на податоци и статистички прогнози, ги објави своите предвидувања околу освојувачите на медали на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 година.

Прогнозата е направена врз основа на резултатите на спортистите во последниве години, вклучувајќи ја и Олимпијадата во Сочи 2014 година.

Се предвидува дека прва на табелата на освојувачи на медали ќе биде Германија со 35 медали, Норвешка би требало да ја заземе втората позиција со 32, додека според оваа прогноза САД ќе бидат трети со 29 одличја.

Најмногу медали на Игрите во Јужна Кореја, според „Gracenote“ ќе отидат кај биатлонката од Германија Лаура Далмајер – 5 златни и 1 сребрена. Следуваат Мартен Фуркад (Франција) биатлон – 4 златни и 1 сребрен медал и норвешкиот скијач Мартин Јансурд со 3 златни и 1 сребрена медала.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска